Top Sport

Јунајтед пазари во Загреб, на мета младиот Шпанец – Дани Олмо

Хрватски Динамо Загреб од сезона во сезона покажува дека е еден од најдобрите фудбалски колективи на овие простори.
Најновата информација која доаѓа од Загреб дека Манчестер Јунајтед сака да го донесе на „Олд Трафорд“ играчот на Динамо, младиот шпански репрезентативец, Дани Олмо. Сумата која неофицијално се споменува е 40 милиони евра.

Младиот Шпанец одигра одлично на неодамна завршеното ЕП У-21, и со „фуријата“ го подигна големиот трофеј.

Доколку се реализира трансферот на Олмо, тоа ќе биде најголемата продажба во историјата на клубот. Рекордот досега го држи Хрватот Марко Пјаца кој за 23 милиони евра преина во италијански Јувентус.

Scroll to Top