Top Sport

Јунајтед побарале Погба да го почека новиот менаџер пред да одлучи за иднината

Манчестер јунајтед им порачале на играчите на кои им завршува договорот и кои сакаат да заминат, вклучувајќи го Пол Погба да ја одложат својата одлука додека клубот не го избере постојаниот менаџер, тврди „ЕСПН“.

„Ѓаволите“ се надеваат дека изборот на нов менаџер ќе го убеди Погба да го продолжи договорот наместо да си замине како слободен играч (вторпат во кариерата) во текот на летото. Антони Марсијал и Дони ван де Бек, кои беа пратени на позајмица во зимскиот преоден рок, исто така добиле барање од фудбалскиот директор на клубот Џон Мурто да почекаат до ангажирањето на новиот менаџер.

Според „ЕСПН“, постои листа од пет имиња кои ја предводат Маурисио Почетино и Ерик Тен Хаг, иако постои можност и преодниот менаџер Ралф Рангник да остане уште една сезона. Барселона, Реал Мадрид, Јувентус и Пари Сен-Жермен во минатото имаа интерес за Погба, но засега Французинот не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата.

Scroll to Top