Top Sport

Јунајтед подготвени да го пратат Гринвуд на позајмица

Манчестер јунајтед привршуваат со интерната истрага околу Мејсон Гринвуд и се подготвени да го пратат на едногодишна позајмица во Турција, Италија или Шпанија, односно не се целослно подготвени да се откажат од фудбалерот од нивната академија, јавува „Дејли мејл“.

21-годишниот напаѓач е суспендиран од минатата година, кога беше уапсен со обвинување дека ја силувал и малтретирал неговата долгодишна девојка. Но, таа потоа ја повлече својата изјава, полициската истрага беше прекината, а двојката повторно е заедно и очекува бебе. Тој има уште две години од неговиот договор со кој заработува 75.000 фунти неделно.

Scroll to Top