Жозе Мурињо и Манчестер јунајтед се подготвени да платат 35 милиони фунти за Месут Озил, иако германската ѕвезда на Арсенал може да замине бесплатно веќе во јуни, тврди британскиот „Мирор“.
Мурињо би бил подготвен да почека до летниот преоден рок, но во тимот се плашат дека тогаш ќе има конкуренција во Пари Сен-Жермен и во Баерн Минхен. 29-годишниот Озил повторно е во одлична форма за „топчиите“ и Арсен Венгер најави дека сака да го задржи Германецот, посебно откако станува појасно дека Алексис Санчез ќе си замине од тимот.
Според „Мирор“, семејството Глејзер, сопствениците на Манчестер јунајтед се подготвени да му дадат 80 милиони фунти на Мурињо за трошење, нешто што можат да си го дозволат откако веќе не му плаќаат 300.000 фунти на Вејн Руни по неговото заминување во Евертон.
Мурињо исто така сака да го добие левиот бек на Тотенхем, Дени Роуз, и покрај враќањето на Лук Шо. Роуз е проценет на 50 милиони фунти, но другите директори во Јунајтед не се сигурни дека треба да платат толку за 27-годишниот англиски репрезентативец, кој долго време беше повреден и уште не е целосно фит.