Top Sport

Јунајтед подготвени за трошење – 200.000 фунти за Бруно, 250.000 фунти за Кавани!

Газдите на Манчестер јунајтед сакаат да ги заддржат среќни своите фудбалери со зголемување на нивните плати во обид да се гради тим кој ќе може да ги предизвика градските ривали Манчестер сити за титулата.

Според „Сан“, Јунајтед прво ќе му понудат на ветеранот Единсон Кавани неделна плата од 250.000 фунти за да го убедат да остане уште една сезона на „Олд Трафорд“ по неговиот интерес да го оствари сонот и да заигра за Бока јуниорс во Аргентина.

Од друга страна, тие исто така сакаат да ја удвојат платата на Бруно Фернандеш од 100.000 на 200.000 фунти неделно за да му дадат нов договор и да го заддржат во тимот откако беше еден од најважните фудбалери во тимот на Оле Гунар Солскјер оваа сезона.

„Ѓаволите“ според „Дејли стар“, повторно ќе го имаат Џејдон Санчо како главен кандидат за засилување во текот на летото и подготвени се да ја повторат понудата од 80 милиони фунти за Англичанецот.

Scroll to Top