Top Sport

Јунајтед подготвуваат пари за Кутињо и Обамејанг?

По најавите дека Манчестер јунајтед ќе бидат активини на пазарот на играчи и во текот на летото, шпекулациите во Англија и Шпанија велат дека на метата на Оле Гунар Солскјер се „отпадникот“ од Барселона, Филипе Кутињо, но и капитенот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг.

Според британскиот „Дејли мејл“, трансферот е можен бидејќи „топчиите“ можат да бидат убедени да го „кешираат“ репрезентативецот на Гана, бидејќи неговиот договор завршува во 2021 година и тој би заминал како слободен играч.

Јунајтед се подготвени дададт 50 милиони фунти за 30-годишниот напаѓач, кој би бил совршена замена за Ромелу Лукаку, кој замина минатото лето во Интер.

Според „Ел мундо депортиво“ пак, Манчестер јунајтед веќе ги контактирале Барселона за можен договор за поранешниот фудбалер на Ливерпул, Филипе Кутињо. Бразилецот, кој не успеа да се наметне во едната сезона на „Ноу Камп“ во моментов е на позајмица во Баерн Минхен, а за неговите услуги се заинтересирани и Челси.

Scroll to Top