Top Sport

Јунајтед понудиле 110 милиони евра за поранешен играч на Сити

Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен, се борат за пласман во осмина-финалето во Лигата на шампионите, а откако ќе заврши натпреварот во среда тие повторно ќе бидат конкуренти, овој пат за потписот на вундеркиндот од Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо.

Младиот фудбалер е продукт на фудбалската школа на Манчестер сити, а минатото лето се пресели во Дортмунд. Зад себе има одлична сезона, поради што сега се проценува на најмалку 110 милиони евра.

Оваа сума, според британските медуми, биле подготвени да ја издвојат и Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен.

Јунајтед има проблеми оваа сезона со крилните напаѓачи, најмногу поради повредите, а извесно е дека во летниот преоден рок клубот ќе го продаде Алексис Санчез. Доколку менаџментот на „црвените ѓаволи“ успее да го договори трансферот тогаш Санчез ќе се врати во Манчестер, но не во „синиот“ туку во „црвениот“ дел од градот.

Од друга страна тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, имал визија за формација со четворица напаѓачи, а сметал дека Санчо идеално би се вклопил во нападот со Нејмар, Килијан Мбапе и Единсон Кавани.

Scroll to Top