Top Sport

Јунајтед повторно загуби поени, a го загуби и Лукаку (видео)

Манчестер јунајтед полека го губи здивот во трката за титулата во Премиер лигата со Манчестер сити, откако во трет натпревар во низа одиграа само нерешено, овојпат против солидниот тим на Саутемптон.

Додека Сити „гази“ со 17 победи во низа и има 58 поени на врвот на табелата, Јунајтед сега се само трети со 44 поени, откако Челси ги помина на второто место со поен повеќе. Сити, покрај огромната предност има и натпревар помалку (утре игра со Кристал Палас).

Дека вечерта нема да биде добра за Јунајтед се „најави“ уште во 10-тата минута, кога Ромелу Лукаку по еден удар со глава со противнички фудбалер, мораше да излезе од игра, и на неговото место дојде Рашфорд.

Јунајтед беше најблиску до победа во 81. минута, кога Пол Погба ја смести топката во мрежата, меѓутоа тоа беше направено од очигледна офсајд позиција.

Лукаку изнесен на носилки по ударот со глава (видео)

Scroll to Top