Top Sport

Јунајтед пратиле скаути по „новиот Пирло“ Сандро Тонало (видео)

Манчестер јунајтед очигледно продолжува со стратегијата за ангажирање на млади фудбалери, откако италијанските медиуми открија дека скаути на „ѓаволите“ го следеле младиот фудбалер на Бреша, Сандро Тонали, и дека се подготвени да дадат понуда од 40 милиони фунти за него иако повеќе европски клубови се заинтересирани за талентот, како Манчестер сити, ПСЖ и Атлетико Мадрид.

19-годишниот Тонали, кој самиот неодамна се опиша како „микс на Андреа Пирло и Џенаро Гатузо“, бил официјално „следен“ од Јунајтед при 0:0 ремито на Бреша со Фиорентина и Оле Гунар Солскјер добил „само позитивни зборови“ за тинејџерот.

„Го следиме Тонали веќе 18 месеци, но сега италијанските скаути тврдат дека тој е на ’друго ниво’ и дека треба да се активираме да го добиеме потписот“, изјавил анонимен извор од „Олд Трафорд“ за „Сан“.

Претседателот на Бреша, Масимо Челино неодамна изјави дека тој вреди 300 милиони евра.

„Сите големи италијански клубови, а некои од европските клубови го сакаат, но мислам дека сега е подобро да остане со Бреша. Пред некој ден, неговиот агент и родителите ми зборуваа дека го ценат 50 милиони евра, но за мене тој вреди 300 милиони евра и не сакам да го продадам“, вели Челино.

Челси во трка по Сандро Тонали, момчето кое доби прекар „новиот Пирло“ (видео)

Scroll to Top