Манчестер јунајтед се договориле со агентот на Ансу Фати, Жорге Мендеш за трансфер вреден 150 милиони евра, но Барселона, и покрај сите финансиски проблеми кои ги има, одбила да го реализира трансферот, тврди каталонскиот „Спорт“.
18-годишниот Фати се смета за еден од најталентираните млади фудбалери на светот, и бил „замена“ во Јунајтед за Џејдон Санчо откако не успеаја да се договорат со Борусија Дортмунд, но Барселона ја поставија откупната клаузула на фантастични 400 милиони евра и не планирале да го пуштат тинејџерот.
Фати веќе има 43 настапи за Барселона, во кои постигна 13 гола и имаше 5 асистенции, а исто така има четири настапи за шпанската репрезентација. Тој во моментов е во аут по повреда на менискусот и ќе паузира околу четири месеци. Сепак, обидот на „ѓаволите“ за толку голем трансфер покажува дека во Јунајтед имаат огромна доверба во Оле Гунар Солскјер.