Top Sport

Јунајтед се лути: Погба може да замине, но за 200 милиони евра

Манчестер јунајтед очигледно не планираат да потклекнат во „борбата“ со Пол Погба и неговиот агент Мино Рајола, откако ја кренаа цената на Французинот на фантастични 180 милиони фунти за да се спречи било каков трансфер.

„Ѓаволите“ цело лето мораат да се справуваат со шпекулациите дека Французинот сака да замине во Јувентус и Реал Мадрид, иако вчера стана јасно дека Јуве излегува од оваа трка. Рајола неколку пати изјавуваше дека „сите во клубот“ знаат дека Погба сака да си оди и овие коментари не наидоа на добра реакција кај шефовите на „Олд Трафорд“.

Сега, „Дејли мејл“, вели дека проценката од 150 милиони фунти скокна на 180 милиони фунти за да се скратат сите шпекулации за негово заминување. Менаџерот Оле Гунар Солскјер не сака тој да замине ова лето, и сега очигледно тоа ќе се случи ако некој реши да ги плати тие 200 милиони евра, сума која е достижна за малку клубови.

Scroll to Top