Top Sport

Јунајтед се надеваат дека со Ериксон ќе ја решат „креативната криза“

Манчестер јунајтед сериозно размислуваат во јануари да направат сè на „Олд Трафорд“ да го донесат Данецот Кристијан Ериксен од Тотенхем, како можно решение за слабата форма на тимот, јавува порталот „Goal“.

Ериксен претходно во текот на летото беше поврзуван со можен трансфер во Реал Мадрид или Јувентус, но тој не се реализираше и сега на крајот на сезоната ќе може да замине како слободен играч, што значи дека јануари е последна шанса Тотенхем нешто да „искешира“.

Јунајтед размислуваа за понуда од 70 милиони фунти во текот на летото, но Данецот ги чекаше Реал Мадрид, кои сепак, се решија за Еден Азар. По лошиот старт на сезоната, Јунајтед сигурно ќе носи засилувања.

И покрај вестите дека Јунајтед се обидуваат да му дадат на Пол Погба нов договор, Ериксен би можел да биде директна замена за Французинот, кој има договор до 2021 година, но не ја крие желбата да игра за Реал Мадрид.

Scroll to Top