Манчестер јунајтед се налутиле на Челси за „протекувањето“ на информации околу неуспешната понуда од 55 милиони фунти за Мејсон Маунт и се откажаа од обидот да го купат, барајќи алтернатива за засилувања во средината на теренот, стартувајќи со Мозес Каиседо од Брајтон.
„Ѓаволите“ дадоа три понуди за англискиот репрезентативец, од кои последната за 55 милиони фунти, и сметаат дека Челси имале тактика да го потценат клубот, и не планираат да дадат четврта понуда, тврди „Манчестер ивнинг њуз“.
Иднината на Маунт, пак, останува неизвесна, бидејќи со една година до крајот на неговиот договор, тешко е да се очекува некој клуб да плати над 55 милиони фунти за неговиот трансфер.