Манчестер јунајтед се помириле со фактот дека нема да успеат да го добијат Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд ова лето и веќе се фокусирале кон фудбалерот на Атлетико Мадрид, Саул Нигуез како прва цел ова лето, тврди британскиот „Дејли стар“.
25-годишниот Саул е еден од најдобрите европски фудбалери од средниот ред и е клучен во составот на Диего Симеоне и клубот го цени на најмалку 70 милиони фунти.
Според изворите на весникот, Нигуез сака да се обиде во Премиер лигата и да игра покрај Пол Погба и Бруно Фернандеш во новата „средина“ на Оле Гунар Солскјер, а „ѓаволите“ како бонус му нудат плата од 150.000 фунти неделно.
Саул влезе во првиот тим на Атлетико во 2012 година, пред да биде позајмен на Рајо Валјекано. Откако се врати, тој беше дел од тимот кој ја освои Ла лига во 2013/14 и две титули од Лига Европа, како и тимот кој загуби во финалето на ЛШ од Реал Мадрид во 2016.