Top Sport

Јунајтед со четири играчи за најдобар млад фудбалер, Клоп фаворит кај тренерите

Напаѓачите на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, Мејсон Гринвуд и Антони Марсијал се меѓу осумте фудбалери до 23 години (на стартот на сезоната) кои се кандидирани за најдобар млад фудбалер во Премиер лигата, но фаворит за титулата е ривалот од Ливерпул, Трент Александер-Арнолд.

Иако Марсијал ќе наполни 25 години во 2020, беше вклучен во изборот. Тој псотигна 17 гола во Премиер лигата, исто колку и Рашрфорд, додека Гринвуд имаше 10 гола.

Сепак, фаворит за победа е Трент Александер-Арнолд, кој имаше огромна улога во тимот на Ливерпул кој ја освои титулата по 30 години. Меѓу другите номинирани се и Џек Грилиш од Астон вила, двојката на Челси, Мејсон Маунт и Кристијан Пулишиќ, како и голманот Дин Хендерсон од Шефилд јунајтед (иако тој е фудбалер на Манчестер јунајтед).

Кај тренерите, немаше место за Оле Гунар Солскјер и покрај освоеното трето место во Премиер лигата. Тука, секако, главен фаворит е првиот човек на Ливерпул, Јирген Клоп, а покрај него се номинирани и Френк Лампард (Челси), Брендан Роџерс (Лестер) и Крис Вајлдер (Шефилд јунајтед)

Scroll to Top