Top Sport

Јунајтед со обновена понуда за Лисандро Мартинез

Манчестер јунајтед дадоа нова понуда од 43 милиони фунти за дефанзивецот на Ајакс, Лисандро Мартинез, во обид да ги спречат Арсенал да им го „украдат“ посакуваното засилување, тврди „Дејли мејл“.

Понудата е повисока за 5 милиони фунти од првичната понуда која ја одби Ајакс, и е поблиску до проценката на холандскиот клуб за 24-годишниот Аргентинец, кој според локалните медиуми е „очаен“ да игра во Премиерлигата.

Во исто време, Јунајтед имаат можност да донесат уште еден поранешен играч на Ајакс, Брајан Бробеј од РБ Лајпциг. 20-годишниот холандски репрезентативец произлезе од академијата на Ајакс, но си замина минатото лето како слободен играч, пред во јануари повторно да беше позајмен на клубот од Амстердам. Лајпциг бараат 17 милиони фунти за напаѓачот.

Scroll to Top