Top Sport

Јунајтед со последна понуда за Алдервирелд

Манчестер јунајтед дале последна понуда за дефанзивецот на Тотенхем, Тоби Алдервирелд, тврди британскиот весник „Дејли мирор“.

Белгиецот останува главна цел на Јунајтед пред крајот на преодниот рок во четврток, но „ѓаволите“ официјално им соопштиле на Тотенхем дека не се подготвени да дадат повеќе од 40 милиони фунти. Тотенхем останува на цената од 55 милиони фунти, иако белгискиот репрезентативец ќе биде достапен следното лето за 25 милиони фунти поради клаузула во договорот.

Според „Мирор“, Жозе Мурињо им соопштил на шефовите на клубот дека мораат да најдат алтернатива доколку Тотенхем продолжи да игра „цврсто“, откако претходно Јунајтед прво се откажаа од можноста да го донесат Колумбиецот Јери Мина (кој според англиските медиуми може сепак да заврши во Евертон), а во игра останува уште Џером Боатенг од Баерн Минхен, за кого Јунајтед ќе мора да платат и повеќе.

Scroll to Top