Манчестер јунајтед веќе размислува за „обновата“ на тимот во текот на летниот преоден рок, и една од главните цел е Роберт Левандовски од Баерн Минхен, тврди германскиот „Билд“, посочувајќи дека Полјакот има уште само 18 месеци од договорот и нема нова понуда.
„Билд“ ги предупредува првите луѓе на Баерн Минхен дека мораат бргу да реагираат ако сакаат 33-годишниот голгетер да остане на „Алијанц арената“.
Левандовски вчера уште еднаш ја покажа својата класа, постигнувајќи хет-трик за 23 минути при 7:1 победата на Баерн над Ред бул Салцбург во осминафиналето на Лигата на шампионите.
На Јунајтед, покрај засилувањата на другите позиции, сигурно им е потребен напаѓач по шпекулациите дека Кристијано Роналдо ќе си замине, но и неизвесната иднина на Антони Марсијал, Маркус Рашфорд и Единсон Кавани.