Манчестер јунајтед веќе контактирале со агентот на капитенот на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш и подготвени за трансфер во текот на летото, тврди португалскиот весник „А Бола“.
24-годишниот Фернандеш е во одлична форма оваа година со четвртопласиранит тим во португалската прва лига и може да заврши во Премиер лигата, откако претходно беше поврзуван со Ливерпул. Фернандеш има 22 гола и 11 асистенции оваа сезона, предизвикувајќи ги Јунајтед да понудат висока сума за него.
Фернандеш покрај одличната игра е вистински лидер на тимот кој се најде во хаос по заминувањето на контроверзниот претседател на клубот Бруно де Карваљо. Експретседателот беше сменет откако прво девет фудбалери одбија да ги продолжат договорите, а навивачите ги нападнаа фудбалерите. По ова, Спортинг го ангажираше Синиша Михајловиќ како тренер и го отпушти по само девет дена.
Фото: ЕПА/А Бола