Top Sport

Јунајтед веќе дале понуда за Кукурелја

Манчестер јунајтед и нивниот менаџер Ерик Тен Хаг се фокусираат на позајмицата на Марк Кукурелја од Челси и не преговараат со други фудбалери кои би биле замена за повредениот лев бек, Лук Шо, инсистираат англиските медиуми.

„Ѓаволите“ веќе дале понуда за позајмица до крајот на годината за Кукурелја, кој не ги оправда големите очекување на „Стемфорд Бриџ“ по трансферот од 55 милиони фунти од Брајтон. Иако се веруваше дека тие го сакаат Серхио Регуилон од Тотенхем и Маркос Алонсо од Брентфорд, Тен Хаг инсистира на трансфер на Кукурелја.

Лук Шо има мускулна повреда која ќе го оддалечи од терените барем неколку недели, додека Тајрел Маласија е повреден подолго време.

Scroll to Top