Top Sport

Јунајтед веќе го контактирале Роналдо

Манчестер јунајтед веќе го контактирале Кристијано Роналдо за можно спектакуларно враќање на „Олд Трафорд“ на Португалецот, тврди шпанскиот весник „АС“.

Шпекулациите околу Роналдо продолжуваат, откако Јувентус има лоша сезона и може да пропушти влез во Лигата на шампионите следната сезона. На ова се надоврзаа вестите дека тој веќе ги преселил своите луксузни автомобили од Торино.

Според „АС“, Оле Гунар Солскјер веќе разговарал преку телефон со Роналдо, а 36-годишниот ветеран би бил подготвен да се врати во клубот по дури 12 години. Сепак, весникот тврди дека уште не е донесена одлука, и дека е можно тој да остане во Торино доколку Јуве влезе во Лигата на шампионите, и покрај италијанските шпекулации дека Јувентус не би имале ништо против да престанат да ја плаќаат неговата огромна годишна плата.

Scroll to Top