Манчестер јунајтед веруваат дека го најдоа човекот кој ќе стане нивни нов спортски директор, откако контактирале со поранешниот генерален директор на Јувентус, Бепе Марота, по контактите со Интер и Арсенал.
Според „Индепендент“, Јунајтед побарале од Марота да им ги објасни плановите за иднината, откако уште претходно сметаа дека е потребно да се воведе улогата спортски директор за да го остават Жозе Мурињо да работи само со фудбалерите кои ќе му ги „донесат“.
Италијанските медиуми пак, тврдат дека Интер е фаворит во трката за Марота, бидејќи тие веќе преговарале со поранешниот шеф на Сампдорија. Марота го предводеше Јувентус во најусоешниот период во историјата, освојувајќи седум титули во Серија А со нив. Меѓутоа, поради конфликт со претседателот и сопственикот на клубот, Андреа Ањели, тој реши да го напушти тимот.