Top Sport

Јунајтед веќе се откажаа од Роналдо и Бејл

Манчестер јунајтед уште го чека комплетирањето на договорот со Алексис Санчез од Арсенал, по што се откажуваат од можноста да ги добијат ѕвездите на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо и Герет Бејл, тврди „Марка“.

За можниот кам-бек на Роналдо во дресот на „Ѓаволите“ се зборува повеќе месеци, но очигледно дека Жозе Мурињо не е подготвен за ваква инвестиција, која нема логика ниту од играчка перспектива, ниту од економска на најбогатиот англиски клуб.

Во нападот на Јунајтед веќе се Маркус Рашфорд, Хуан Мата, Ромелу Лукаку, Антони Марсијал, Џеси Лингард и Златан Ибрахимовиќ, така што со трансферот на Санчез се става крај на зимските засилувања за тимот од „Олд Трафорд“, и за сè друго ќе се чека на летниот преоден рок.

Scroll to Top