Лошиот старт на сезоната и неефикасноста ги тера челниците на Манчестер Јунајтед сериозно да размислат за ангажирање на нови играчи уште во јануарскиот преоден рок.
Англиските и италијанските медиуми веќе објавија дека Марио Манџукиќ во јануари ќе се пресели на „Олд Трафорд“, а се шпекулира дека челниците на Јунајтед го сакаат во тимот и напаѓачот на Милан и полската репрезентација, Кшиштоф Пјонтек.
Полјакот не е во форма на почетокот на сезоната, меѓутоа во последните две сезони во Џенова и Милан на 40 натпревари постигна 30 гола.
Наводно Јунајтед биле подготвени да издвојат 40 милиони евра за услугите на полскиот репрезентативец.