Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер ги испофали новото засилување Дони ван де Бек и повратникот во тимот, голманот Дин Хендерсон иако „ѓаволите“ во пријателски меч во саботата загубија со 1:0 од Астон вила.
Без Пол Погба, Антони Марсијал, Давид де Хеа и Бруно Фернандеш, Солскјер реши да му даде цели 90 минути на Ван де Бек во првиот настап за „ѓаволите“, додека Хендерсон ја почна битката за да стане прв голман на тимот. Оли Воткинс го постигна единствениот гол на мечот во 16. минута, но Солскјер беше задоволен.
„Дони беше најголем плус на теренот. Тој знае да пронајде место и да си создаде шанси со своето движење. Бев многу задоволен. Имаше позитивни работи и на голот, кога Дино покажа дека е вистински голман на Манчестер јунајтед. Резултатот не беше важен, бидејќи ова е чудна пред-сезона во која паузиравме само една недела“, вели Солскјер.
Јунајтед сезоната од Премиер лигата ја стартуваат следниот викенд против Кристал палас.