Top Sport

Јуниор се бранеше со корнер знаменце (видео)

Индепендиенте дел Вале од Еквадор влегоа во финалето на Копа Либертадорес за играчи под 20 години, откако со 3:2 го совлада Клуб Атлетико Ривер Плате од Уругвај во полуфиналето во средата навечер.

Покрај головите, мечот ќе остане познат по инцидентот во кој еден од играчите на Индепендиенте, Анхело Пресиадо мораше да се брани со корнер знаменце од противниците.

Ова веднаш наиде на одобрување на социјалните мрежи, и некои умни луѓе го преработија видеото со мотиви од „Војна на ѕвездите“.

Scroll to Top