Во Лондон вечерва се игра добротворен меч „Сокер ејд“ на кој мешана репрезентација на Англија игра со остатокот од светот, и најголемо внимание предизвика голот на светскиот рекордер на 100 и 200 метри (и огромен навивач на Манчестер јунајтед), Јусеин Болт по грешката на ексфудбалерот на Ливерпул, Џејми Карагер.
Карагер немаше најдобар ден, откако прво доби голем број на свирежи на мечот на „Стемфорд бриџ“, каде што мнозинство беа навивачи на Челси, но кошмарот почна кога спринтерската легенда Болт (со бројот 9.58 на грбот) успеа да го помине и да постигне гол.
Usain Bolt ? ? ? Jamie Carragher is still the same #SoccerAid #LFCpic.twitter.com/P5LCHOYwah
— Segun_thebook (@SSnetwoork) June 16, 2019
One chance for Bolt. One goal for @usainbolt pic.twitter.com/9VdvkT3l9H
— Mikey ⚪ (@Mikey_NNG) June 16, 2019