Top Sport

Јусеин Болт на проба во Борусија Дортмунд

„Малку сум нервозен“, признал најбрзиот човек во светот Јусеин Болт, откако на јавноста и откри дека ќе ги проба своите фудбалски вештини во Борусија Дортмунд.

Атлетичарот од Јамајка кариерата ја заврши во август минатата година на Светсктоо првенство во Лондон, а сега планира да започне кариера во фудбалот. Фудбалот е една од големите спортски љубови на Болт, а со Борусија го поврзува истиот спонзор – Пума.
„Повредата е зад мене. Целосно сум подготвен. Во март ќе одам на проба во Дортмунд, потоа ќе видиме што ќе биде со мојата фудбалска кариера. Ако ми кажат дека сум добар и дека треба уште малку да тренирам ќе продолжам. Верувам во себе“, рекол Болт.

Најголема негова желба е да заигра за клубот чии е голем навивач.

„Мојот сон е да заиграм за Манчестер јунајтед. Доколку во Дортмунд ми кажат дека сум добар ќе тренирам многу јако. Не сакам да бидам просечен. Освојувањето на Лигата на шампионите би било блиску до она што го постигнав во атлетиката. Знам дека нема да се посрамотан“, рекол 31-годишниот светски рекордер на 100 и 200 метри и сопственик на осум златни олимписки медали.

Scroll to Top