Top Sport

Јуве 100 години во сопственост на семејството Ањели: Ние сме решението, а не проблемот

Џон Елкан, претседателот на компанијата „Ексор“ и лидер на семејството Ањели во интервју за „Ла стампа“ ја одбележи 100-годишнината на сопственоста на Јувентус на семејството, опишувајќи ги како „’рбетот“ на италијанскиот фудбал.

Минатата сезона беше одбележана со повеќе скандали и легални битки на Јуве, оставајќи ги со казна од 10 поени на крајот на сезоната. Со ова тие не обезбедија место во Лигата на шампиони, за потоа да се согласат да бидат исклучени од Конференциската лига со УЕФА.

„Нашето семејство има континуитет со Јувентус во овие 100 години, со кои клубот е бескрајно поврзан со сите прекрасни моменти. Тука е и нашата одговорност за изградба на иднината со иновации и адаптирање на модерните услоови. Како што велеше мојот дедо, Џани Ањели, Јувентус значи младост. Младост значи визија кон иднината. Минатото е полно со слава, но со името кое го имаме мораме дад гледаме кон иднината. Работиме со респект за милионите ‘бјанконери’ семејства како нас. Има луѓе кои сметаат дека Јувентус е проблемот во италијанскиот фудбал, но реалноста е поинаква, ние сме дел од решението. Секогаш сме биле ‘рбетот на италијанскиот фудбал, сме ја давале структурата на репрезентацијата која освојуваше титули“, вели Елкан.

Scroll to Top