Идејата за европската Суперлига очигледно не е завршена, откако „ЕСПН“ тврдат дека трите клуба кои уште не се откажаа од проектот, Јувентус, Барселона и Реал Мадрид планираат летен пријателски турнир во САД на кој ќе биде поканет и Интер и кој ќе биде еден вид на „летна Суперлига“.
Проектот „Европска Суперлига“ во април 2021 го промовираа 12 богати европски клубови (Јувентус, Милан, Интер, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Барселона, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Челси, Арсенал, Ливерпул и Тотенхем, но тој колабираше за помалку од 48 часа, откако по притисок од навивачите, но и од британската влада, повеќето клубови се повлекоа.
Сепак, Јувентус, Реал Мадрид и Барселона останаа со проектот, добивајќи судски спор во Шпанија со УЕФА и избегнувајќи било каква казна. Сега, тест на можното натпреварување би била американска турнеја, посебно на западниот брег, во обид да се промовира лигата.
Il progetto di Juventus, Barcellona e Real Madrid: amichevoli estive tra i club ribelli della Superlega ⚽?https://t.co/axR6rKyQcF
— GOAL Italia (@GoalItalia) February 22, 2022