Јувентус подготвуваат план за „трампа“ со Арсенал, со кој Букајо Сака би завршил во италијанската Серија А, додека „бјанконерите“ би се откажале од Душан Влаховиќ, една година откако го донесоа од Фиорентина со големи надежи, тврди „Калчомеркато“.
Сака има одлични настапи за лидерите во Премиерлигата, и Јувентус подолго време се заинтересирани за талентираниот млад фудбалер. Но, поради финансиската криза во која се наоѓаат, како и заканите за казни со исфрлање од Лигата на шампиони и од Серија А, тие се подготвени да го продадат Влаховиќ на „топчиите“, откако тие неколку пати се обидоа да го донесат српскиот напаѓач додека тој беше играч на Фиорентина.
Arsenal star Bukayo Saka is a 'dream signing' for Juventus #AFChttps://t.co/upx3m7beJ9
— talkSPORT (@talkSPORT) December 31, 2022