Јувентус се подготвени да го понудат Федерико Бернардески на Челси за да го добијат неговиот италијански сонародник Жоргињо од „сините“, тврди „Ла газета дело спорт“.
Според весникот, Маурицио Сари би сакал да ја продолжи соработката со Жоргињо во Торино, додека 26-годишниот Бернардески исто така не би се противел на авантура во Премиер лигата. Останува да се види дали Челси би се откажале од Жоргињо.
Јувентус платија 40 милиони евра за фудбалерот од средниот ред Бернардески летото 2017, но тој не успеа да се снајде најдобро во составот на Сари, со само еден гол и една асистенција во 11 меча за „бјанконерите“ оваа сезона.