На шпекулациите околу иднината на Пол Погба во Манчестер јунајтед им нема крај. Еден ден откако се јави веста дека е можен договор со Реал Мадрид со „замена“ за Тони Крос, британските медиуми тврдат дека и Јувентус има сопствена понуда – Французинот Адриен Рабио плус кеш за Погба.
Според „Сан“, Јуве би сакале да го вратат својот поранешен играч (кој претходно го добија на слободен трансфер од Јунајтед), со понуда од 60 милиони фунти плус Рабио, кому пазарната цена му падна на околу 25 милиони фунти. Весникот тврди дека договорот може да падне веќе и во Јануари.
Рабио не успеа да се снајде на „Алијанц стадионот“ по неговиот слободен трансфер од Пари Сен-Жермен минатото лето и Јувентус сметаат дека со овој договор би решиле два проблеми со еден удар. Јунајтед се обиеле да го добијат Рабио минатото лето кога 24-годишниот Французин конечно се ослободи од договорот со ПСЖ и тој би можел да биде добра замена во средниот ред на „ѓаволите“.