Top Sport

Јуве го откупи договорот на Меккени, останува во Торино за 18,5 милиони

Калчолигашот Јувентус го откупи договорот за Американецот Вестон Меккени од Шалке за 18,5 милиони евра, соопштија денеска од торинскиот клуб.

Како што се наведува на сајтот на „Старата дама“, Јуве ја активираше откупната клаузула од договорот со 22-годишниот фудбалер кој минатото лето дојде во Италија на позајмица од германскиот бундеслигаш.

Договорот со фудбалерот е до 30. јуни 2025 година. „Црно-белите“ соопштија дека отштетата ќе ја платат на три рати, во три години.

Трансферот може да се зголеми за дополнителни 6,5 милиони евра во зависност од исполнетите услови од договорот.

Меккени сезонава одигра 31 меч за Јуве и постигна 5 гола во сите натпреварувања.

Scroll to Top