Јувентус потврдија дека Матија де Шиљо заминува од „Алијанц арената“ на едногодишна позајмица во францускиот Олимпик Лион.
Де Шиљо пристигна во Јувентус од Милан за 12 милиони евра во 2017 година, и има уште две години од договорот со „старата дама“. Во трите сезони со Јуве, тој освои три скудета, еден трофеј од Копа Италија и еден италијански суперкуп.
27-годишниот Италијанец одигра 62 натпревари за „бјанконерите“, во кои постигна еден гол и имаше една асистенција.
Денеска од Јуве се прости и Даглас Коста, кој беше пратен на позајмица во својот поранешен клуб, Баерн Минхен.
Grazie di tutto, @Mattia_desci! ❤️
— JuventusFC (@juventusfc) October 5, 2020