Јувентус се подготвени да дадат понуда за Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио ова лето доколку не успеат да се договорат со Адриен Рабио за продолжување на договорот, тврди „Ла газета дело спорт“.
28-годишниот српски репрезентативец има само уште една година од договорот со Лацио и одбива да потпише нов договор, со што клубот ќе мора да го продаде ако сака да заработи нешто. Неговата цена е околу 30-тина милиони евра, нешто што Јувентус може да си го приушти, иако може да имаат конкуренција во Интер, иако „нераѕурите“ уште се фокусирани на Давиде Фратези од Сасуоло.
„Бјанконерите“ исто така можат да вклучат и некои играчи како замена, како Лука Пелегрини и Николо Ровела, доколку Лацио е заинтересиран.
Juve, Milinkovic è pronto: un regalo per Allegri con meno di 30 milioni https://t.co/zQO4gmbLVF
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) June 18, 2023