Јувентус и Атлетико Мадрид се меѓу клубовите кои се заинтересирани за талентираниот Букајо Сака од Арсенал и се очекува следното лето да дадат поуда за англискиот репрезентативец.
20-годишниот Сака е еден од најважните играчи во тимот на Микел Артета, со четири старта во пет меча од Премиер лигата оваа сезона, а исто така беше и редовен во репрезентацијата на Герет Саутгејт.
Според „Калчомеркато“, Јувентус се најзаинтересирани за Сака, и тоа ќе ги предизвика Арсенал да постават висока цена за младиот фудбалер, од над 60 милиони евра, за да ги одбијат сите заинтересирани.
Сака минатото лето потпиша нов четиригодишен договор со „топчиите“, за кои има постигнато 7 гола и 10 асистенции.