Ренато Санчес по одличната сезона во Лил е блиску до трансфер во Серија А, каде што Јувентус и Милан се заинтересирани за неовиот потпис, јавува порталот „Гол“.
Португалецот во 2016 година по освојувањето на Европското првенство со Португалија ја освои наградата „златно момче“ и доби скап трансфер во Баерн Минхен, но не ги оствари големите очекувања. Сега, по три сезони во Лил, 24-годишниот Санчес ја врати репутацијата и ова лето го очекува нов трансфер.
Милан подолго време се заинтересирани за неговиот потпис, посебно ова лето како замена за Франк Кеси, чиј договор завршува на крајот на сезоната, но сега имаат ривали во Јувентус, каде што Масимилијано Алегри наводно веќе дал зелено светло на управата на клубот да го организираат трансферот.