Јувентус и Пари Сен Жермен подготвувале размена на неколку фудбалери во јануарскиот преоден рок, тврди “Тутоспорт“.
Според овој извор ПСЖ им „фрлиле око“ на Паоло Дибала, Емре Џан и Матија Де Шиљо, додека за Јувентус интересни играчи биле Леандро Паредес, Тома Мение и Лајвин Курзава.
„Тутоспорт“ пишува дека во овој момент најреална опција за размена е онаа во која Паредес би се преселил во Јувентус, а Џан во ПСЖ. Двајцата играчи се незадоволни од статусот што го имаат кај своите тренери Томас Тухел, односно Маурицио Сари.
ПСЖ пред една година платија 40 милиони евра за Аргентинецот Паредес. Во Торино добро се запознени, тој бил на радарот на Јувентус во перидот додека го носел дресот на Рома.
Емре Џан како слободен играч минатото лето пристигна во Торино. Имаше значајна уога во ротацијата кај Масимилијано Алегри, меѓутоа новиот тренер Сари не смета сериозно на неговите услуги.