Лидерот во Серија А, Јувентус, забележа победа на „Сан Сиро“ во Милано, против Милан 2:0, во дерби мечот одигран во 12.коло.
„Старата дама“ ја забележа шестата победа во низа против Милан, во сите натпреварувања, благодарение на головите што ги постигнаа Манџукиќ во осмата и Крстијано Роналдо во 81.минута.
Дуелот во Милано го обележа екс-играчот на Јувентус Гонзало Игуаин. Аргентинецот во 41.минута не реализира пенал, при водство на Јувентус 0:1, а во 83.минута поради непримерната реакција кон судијата доби директен црвен картон.
Јувентус по 12 натпревари има 34 бода и се наоѓа на челната позиција во лигата, додека Милан е на позицијата број 5 со 21 бод.