Top Sport

Јуве и Сасуоло не успеаја да се договорат за Локатели

Состанокот на претставниците на Јувентус и Сасуоло околу потенцијалниот трансфер на Мануел Локатели во Торино заврши без договор, јавува „Скај спорт Италија“.

Јувентус уште додека траеше Европското првенство во фудбал јасно ја покажа желбата да го добие Локатели, а самиот фудбалер ги одбил понудите од Премиер лигата за да се оствари трансферот кај „бјанконерите“, но двата клуба засега имаат поинакви проценки околу сумата која треба да се исплати.

Според „Скај“, Јувентус понудиле 30 милиони евра во договор со позајмица со обврска за купување, но Сасуоло бараат барен 40 милиони евра за да се разделат со 23-годишниот поранешен фудбалер на Милан.

Scroll to Top