Јувентус и Сасуоло уште не успеаја да дојдат до договор за трансфер на Мануел Локатели, но преговорите ќе продолжат понатаму.
Јувентус не се откажува од потписот на Локатели, кој блесна на ЕУРО 2020, но не им се допаѓа тактиката на одложување и на барање на превисока сума на пари. Сасуоло остануваат на цената од 40 милиони евра за поранешниот член на младата школа на Милан, додека неодамна Павел Недвед, потпретседателот на Јувентус, изјави дека мора да се постигне „фер-цена“.
Се верува дека и Локатели „притиска“ за договорот пред стартот на Серија А на 21 август, а не е заинтересиран за трансфер во Премиер лигата и покрај интересот на Арсенал.