Top Sport

Јуве ќе имаат загуба од 190 милиони евра!

Италијанскиот финансиски весник „Калчо е финанца“ проценува дека Јувентус ќе ја заврши финансиската година 2020/21 со 190.7 милиони евра загуба, двојно повеќе од минатата година и четврта година едноподруго во кој најтрофејниот италијански клуб е во „црвено“.

Најголема причина за загубата беше затварањето на сите стадиони во Италија, посебно бидејќи Јувентус е еден од ретките италијански клубови кој е сопственик на својот стадион и кој заработуваше огромни суми од билетите. Покрај тоа, проблем е и релативно раната елиминација од Лигата на шампионите, веќе во осминафиналето.

Минатата година Јуве загуби 89.7 милиони евра, во 2016/17 имаше загуба од 42.6 милиони евра, а во 2015/16 4.1 милиони евра.

Scroll to Top