Top Sport

Јуве ќе мораат да го сопрат Буфон, тој сака да игра до 50 години

Франческо Тоти и Фабио Канаваро, двајца поранешни соиграчи од репрезентацијата на Италија на Џанлуиџи Буфон сметаат дека Јувентус ќе му ја прекинат кариерата голманот, бидејќи 42-годишниот Џиџи би сакал да остане во светот на фудбалот до својата 50-та година.

Буфон оваа сезона се врати во Торино по една година со Пари Сен-Жермен, откако претходно имаше 17 сезони со „бјанконерите“. Сега, тој прифати улога на втор голман зад Војчех Шчесни, и вестите од Италија велат дека тој сака уште еден 12-месечен договор.

Канаваро верува дека тој ќе биде среќен да продолжи додека тоа му е дозволено, и го откри тоа во разговор со Тоти.

„Знаеш дека е така. Тој нема да сака да сопре, но ќе го натераат, и тоа е сосема поинаку“, вели Канаваро.

Тоти, кој имаше слично искуство со Рома, кои според многумина го „истуркаа“ од клубот.

„Џиџи ќе сака да игра до својата 50-та година, но ќе може да игра уште две-три сезони. Тој е на голот и е замена и тоа му одговара“, вели Тоти.

Scroll to Top