Top Sport

Јуве лесно се справи со Фиорентина (видео)

Јувентус ја впиша 13-та победа во 14 меча на стартот на сезоната во Серија А, откако на „жешкото“ гостување кај Фиорентина триумфираше рутински со 3:0.

Мечот, кој како секое гостување на Јувентус на „Артемио Франки“ беше „жежок“ и пред стартот, откако пред стадионот се појавија погрдни графити за фудбалерите на Јуве, но атмосферата се смири кога фудбалерите на Јуве поставија цвеќе пред клупата на Виола за починатиот капитен Давиде Астори.

На теренот, Јувентус уште еднаш покажа дека е најсупериорниот тим во Италија, и запиша нова победа. Родриго Бетанкур ги донесе „зебрите“ во водство во 31. минута откако доби одлична топка од Дибала, а водството беше зголемено во 69. минута по една мешаница во домашниот шестнаесетник и тоа од поранешниот фудбалер на Виола, Џорџо Кјелини. Конечните 0:3 ги постави Кристијано Роналдо од пенал во 79. минута.

Јуве на врвот на Серија А има 40 поени, дури 11 пред Наполи, кој има натпревар помалку, додека Фиорентина е на 10. место со 18 поени.

Фото: ЕПА

Scroll to Top