Top Sport

Јуве и Лестер најмногу заработиле во ЛШ

Фудбалскиот клуб Јувентус е на врвот на листата според заработувачката во изминатата сезона, во Лигата на шампионите. Италијанскиот шампион, кој минатата сезона стигна до финалето, заработил 110,4 милиони евра.

Втор на оваа листа е Лестер, кој минатата сезона стигна до четврт-финалето. Премиер лигашот од „Кинг Пауер“ стадионот инкасирал 81,7 милиони евра.

Третото место му припадна на европскиот првак Реал. „Кралскиот клуб“ минатата сезона зарабитил 81 милиони евра.

Италијанските и англиските клубови подобро котираат на оваа листа од шпанските бидејќи британските и италијанските телевизиски права повеќе вредеа и беа распределени на помал број на тимови.

Од 32 екипи кои играа во фазата по групи најмалку заработи Базел. Швајцарскиот првак од УЕФА добил само 16,3 милиони евра.

Вкупниот награден фонд во Лигата на шампионите во сезоната 2016/2017 изнесувал 1,4 милијарди евра.

Целата листа на УЕФА може да ја погледнете на следниот линк

 

Scroll to Top