УЕФА има намера да ја заврши сезоната во Лигата на шампионите. Најавите се дека осмина-финалните реванши ќе се играат на 7 август. Овој датум го потврди и претседателот на Олимпик Лион, Жан-Мишел Ола, чии тим треба да игра против Јувентус во Торино. Првиот меч одигран на 26 февруари во Лион заврши со победа на францускиот тим од 1:0.
„Кажано ни е дека ќе играме против Јувентус на 7 август во Торино“, рекол Ола.
„Доколку не се усвои нашето барање да продолжи првенството во Франција, тогаш и ние и ПСЖ ќе доживееме масакр против екипите кои ќе бидат во полна физичка сила“, рекол првиот човек на Лион.
Французите ја прекинаа Лига 1, што значи дека до реваншот со Јувентус Лион пет месеци ќе бидат без одигран натпревар. Истото важи и за ПСЖ, разликата е само таа што тимот од Париз избори пласман во четврт-финалето.