Алваро Мората најверојатно нема да остане во Јувентус по крајот на сезоната, бидејќи „бјанконерите“ не се подготвени да платат 35 милиони евра на Атлетико Мадрид за постојан трансфер, јавува „Тутоспорт“.
Шпанскиот напаѓач дојде во Торино како позајмен фудбалер со опција за купување во 2020 година, кога Јувентус платија 20 милиони евра, но сега не се подготвени да дадат толку пари за него, и бараат Атлетико да даде поголем попуст.
На сличен начин, Јувентус го земаа и Моисе Кин од Евертон во текот на летото со двегодишна позајмица за 7 милиони евра и опција за купување за 28 милиони евра.
Јувентус планираат сите средства за трансфери да ги искористат на Душан Влаховиќ ова лето, и доколку го обезбедат потписот на Србинот, Мората се враќа во Мадрид.