Top Sport

Јуве на состанок со Жоао Феликс, Дибала ќе биде „испратен“ во Баерн?

Јувентус оваа недела ќе имаат клучен состанок со Бенфика и со младиот португалски талент Жоао Феликс, додека во исто време, Пауло Дибала е на „пат“ кон Баварија со трансфер во Баерн Минхен, тврди шпанскиот весник „АС“.

Според нив, спортскиот директор на Јуве, Фабио Паратичи ќе се сретне со агентот на Феликс (кој инаку е и агент на Кристијано Роналдо), Жорге Мендеш во вторникот за да се отвори шанса 19-годишникот да се пресели во Италија.

Бенфика го ценат тинејџерот 120 милиони евра, сума која нема да ја исплаши „старата дама“, а самиот Феликс има голема желба да игра покрај својот идол и сонародник, Роналдо. Мендеш и Паратичи пак, лани ги склучија договорите за трансфер на Роналдо и Жоао Кансело. За да се финансира овој трансфер, „АС“ смета дека некој мора да замине од Торино, а најверојатно е дека тоа ќе биде Дибала, кој не се вклопува во играта со Роналдо и за кого се заинтересирани Баерн Минхен.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');