Top Sport

Јуве нема да го казнат Роналдо – сакал да го даде дресот на детето?

Андреа Пирло потврди дека Јувентус нема да го казнат Роналдо за фрлањето на дресот на тимот по 3:1 победата над Џенова, а објаснувањата од актуелниот италијански шампион е дека тој сакал да го даде дресот на момчето кое носи топки.

Дел од навивачите на Јуве сметаа дека 36-годишниот Португалец се однесувал со непочитување кон драгоцениот дрес со потегот, но од Јуве тврдат дека тој се договорил со детето кое носи топки за дресот.

Тренерот Пирло, даде поинаква верзија на настаните.

„Нормално е дека сака да постигне гол, посебно кога мечот стануваше компликуван. Тој е шампион и секогаш сака да остави печат на мечевите. Да го казниме? Не верувам. Тој беше нервозен и тоа се случува и на други фудбалери. Не верувам дека ќе има казна“, изјави Пирло.

Италијанците контра Роналдо откако го фрли дресот на Јувентус

Scroll to Top